Севернокорејскиот лидер со коњ се качи на највисоката планина во земјата
Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун се искачи на највисоката планина во земјата, јавајќи коњ. Државната новинска агенција КЦНА објави неколку фотографии на кои се гледа како Ким јава бел коњ на планината Пекту, покриена со снег.
Ова не е првпат Ким да се искачи на врвот висок 2.750 метри, а аналитичарите велат дека на ваквите потези обично претходат на големи најави. Оваа планина зазема посебно место во идентитетот на државата и се вели дека е родно место на таткото на Ким.
„Неговото марширање на коњ на Пекту е одличен настан од големо значење во историјата на Корејската револуција. Седејќи на коњ на врвот на Пекту, тој со длабока емоција се потсети на големите напори кои ги вложи за големата кауза за изградба на најмоќната земја со верба, а таа верба е исто толку цврста како и планината Пекту “, објави денеска КЦНА.
Ким ја посети планината и неколку недели пред новогодишната ноќ во 2017 година, кога навести затоплување во односите со Јужна Кореја. Неговите претходни посети се поврзани со големи одлуки, потсетува Би-Би-Си.
Ким се искачи на Пекту најмалку три пати, а минатата година го стори тоа заедно со претседателот на Јужна Кореја Мун Џе-ин.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст