Северна Македонија напредна од „хибриден режим“ во „демократија со недостатоци“
Северна Македонија е во групата на „демократии со недостатоци“ на Индексот на демократијата 2021, на Истражувачката група на Економист, напредувајќи пет места во однос на минатата година кога беше оценета како „хибриден режим“. Земјава годинава е рангирана на 73 позиција, со вкупна оценка од 6.03.
Според критериумите по кои се врши рангирањето, Северна Македонија во четири од вкупно пет катергории има оценки над просечната од 6.03. Најдобра е во делот на изборен процес и плуразлизам – 7.42, а најлоша е во политичка култура – 3.13. Функционирањето на владата е оценето со 6.43, политичкото учество – 6.11 и граѓански слободи – 7.06.
Индексот на демократијата на Економист се објавува од 2006 година и дава брз преглед за состојбата со демократијата во 165 независни земји и две територии. Северна Македонија највисока оценка имала во 2006 – 6.33, а најниска во 2015 година – 5.23.
Според Економист, целиот регион на Источна Европа, во кој се наоѓа и нашата земја, успеал во 2021 година да избегне назадување на просечниот индекс и ја задржува средната оценка од 5.36, посочувајќи три земји – Северна Македонија, Црна Гора и Молдавија кои што значително ги подобриле своите позиции и напредувале од „хибридни режими“ во „демократии со недостатоци“. Во 2021 година 16 држави од регионот на Истична Европа се „демократии со недостатоци“, четири се „хибридни режими“ и осум се „авторитарни режими“.
Индексот на демократија земјите ги дели во четири типа на режими – „целосна демократија“, „демократија со недостатоци“, „хибриден режим“ и „авторитарен режим“. Најдобра оценка има Норвешка – 9,75, а најниска Авганистан – 0,32.
Ново на Сител
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
-

Коосновачот на „Телеграм“, под истрага за помагање терористички активности
-

Битолчанец се обидел со нож да си ги убие сопствените деца
-

САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците
