Северна Кореја забрани забави со музика и алкохол
- Северна Кореја создаде систем во кој државните медуми секојдневно информираат за економските проблеми со кој се соочуваат луѓето во земјата и во чии рамки на севернокорејските граѓани им е забрането организирање забави со музика и конзумирање алкохол, се наведува во извештај на Јужнокорејската разузнавачка служба (НИС).
Во документот доставен до Парламентот во Сеул се посочува дека севернокорејската Влада се обидува да ги спречи стравувњата меѓу нејзините граѓани по санкциите на ОН, воведени по ракетните и нуклеарните тестови, што дополнително ја влошија економската ситуација во земјата.
Од друга страна, кинескиот амбасадор во Велика Британија, Лиу Шијаоминг оцени дека санкциите „треба да бидат алатка, а не цел“.
- Санкциите кон Северна Кореја не треба да се применуваат само за да постојат санкции, изјави Лиу, додавајќи дека од 2016 година Кина постојано ги поддржува мерките на ОН кон Пјонгјанг.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна за време на неговата азиска турнеја ги повика Кина и Русија целосно да ги прекинат комерцијалните врски со Северна Кореја
Ново на Сител
-
ФЗО ќе ги презентира активностите за измени на Правилникот за плаќање на услугите во примарната здравствена заштита
-
Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови
-
Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток
-
Трамп: Ако продолжи блокадата на Владата, ќе има отпуштања
-
Студено со дожд, снег на планините и на повисоките места
-
Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово - Леуново - Бунец во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја
-
Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно
-
Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка