-->
-->
Северна Кореја во декември ќе ги отвори границите за странски туристи, соопштија туристички агенции
-->
Северна Кореја во декември годинава повторно ќе го отвори за меѓународен туризам североисточниот град Самџијон, а веројатно и останатиот дел од земјата, соопштија денеска туристичките агенции.
Овој потег е знак дека Северна Кореја се подготвува повторно да ги отвори своите граници за поголеми групи странски туристи по долгогодишни строги гранични контроли, кои беа воведени поради пандемијата со коронавирусот, пренесуваат агенциите.
„Добивме потврда од нашиот локален партнер дека туризмот во Самџијон, а веројатно и во остатокот од земјата официјално ќе продолжи во декември 2024 година“, објави на својата веб страница туристичка компанија од Пекинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Заемот од Унгарија пред пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Во МЕПСО се трошело без усул
-
Оризарите обвинуваат, ориз од увоз се дакларира и продава како кочански
-
Полначи за електрични возила на југот од Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол