Северна Кореја тврди дека успешно тестирала хидрогенска бомба

Северна Кореја соопшти денеска дека извршила успешно тестирање на хидрогенска бомба, јавија светските медиуми, пренесувајќи го специјалното соопштение на севернокорејската Централна телевизија.
Водителката прочита типична изјава, исполнета со силна пропаганда, дека земјата тестирала „минијатуризирана хидрогенска бомба“, со што севернокорејската нуклеарна програма „се издигнува на следното ниво и земјата си обезбедува оружје за заштита од САД и другите непријатели“.
Според соопштението тестирањето било „совршено успешно“.
Хидрогенската бомба го употребува процесот на спојување на атомските јадра за да предизвика експлозија, која е многу помоќна, отколку во случај на „обична“ атомска бомба, јави Си-Ен-Ен. Ова оружје е многу помоќно од оружјето со плутониум, кое претходно го тестираше Пјонгјанг, а исто така е и посложено за производство.
- Доколку нема загрозување на нашиот суверенитет нема да употребуваме нуклеарно оружје. Ова тестирање на хидрогенската бомба ја доведе на повисоко ново нашата нуклеарна моќ, јавија севернокорејските медиуми.
Тестирањето било извршено во десет часот по локално време и според соопштението не предизвикало негативно влијание врз животната средина.
Доколку оваа информација биде потврдена од надворешни експерти, тоа ќе доведе до воведување построги санкции на Обединетите нации и уште повеќе ќе ги влоши односите на Пјонгјанг со соседите.
Севернокорејските нуклеарни проби ги загрижуваат Вашингтон и другите меѓународни сили, бидејќи се смета дека секој тест ја приближува земјата кон нејзината цел да изработи ракети со нуклеарни боеви глави кои ќе можат да стигнат до САД.
Изминатите години Северна Кореја изврши три нуклеарни проби, во 2006, 2009 и 2013 година, а како одговор на тоа Советот за безбедност на ОН воведе различни санкции кон државата.
Ново на Сител
-

Владина делегација на форумот во Давос
-

СДСМ: Новиот телекомуникациски оператор ќе ја загрози независноста на Македонија
-

Трамп ги спаси европските лидери од носење тешки одлуки, оценуваат бриселските медиуми
-

Ван Дајк: Ливерпул мора да заврши меѓу првите осум во ЛШ
-

Македонија заостанува во однос на е-тровијата со вештачка интелигенција
-

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет
-

Во текот на денешниот ден се очекува да се повлечат тракторите од граничниот премин Евзони
-

Во Русија веќе постоен лек за лекување хепатитис Б може да се користи и за лекување на ракот
