Северна Кореја: САД скапо ќе платат ако не стават на црна листа
Северна Кореја денеска ги предупредија САД дека „скапо ќе платат“ ако земјата ја стават на листата држави кои поддржуваат тероризам, откако осомничениот за убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер изјавија дека е жртва на завера.
- САД ќе сфатат колку скапо ќе мора да ги платат своите неосновани обвиненија против достоинствената Северна Кореја ако ја стават на листата земји кои поддржуваат тероризам, соопшти севернокорејското Министерство за надворешни работи.
Исто така се наведува и дека Пјонгјанг е против „сите облици на тероризам“ и ги обвини САД оти се обидуваат да го извалкаат угледот на Северна Кореја.
Полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам (45) е убиен минатиот месец на аеродром во Малезија со силен нервен отров ВХ, по што беше покрената меѓународна истрага.
Јужна Кореја за убиството го обвини Пјонгјанг, тврдејќи дека Ким Џонг-ун наредил елиминација на неговиот полубрат.
Јужнокорејски и јапонски медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори објавија дека по убиството на Ким Џонг-нам САД ја разгледуваат можноста да ја вратат Северна Кореја на листата земји кои поддржуваат тероризам, каде се наоѓаат Иран и Сирија.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот