Северна Кореја првпат призна дека има инсталација за збогатување ураниум
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун повика на зголемување на бројот на центрифуги за збогатување ураниум за да се зголеми нуклеарното производство на оружје за самоодбрана, јавија државните медиуми.
Ким го упати повикот за време на посетата на Институтот за нуклеарно оружје и производствената база за „нуклеарни материјали за оружје“, пренесе Севернокорејската агенција КЦНА.
Во соопштението не се открива локацијата на објектите, ниту датумот на увидот. Ова е првпат Северна Кореја јавно да обелоденува постоење на капацитет за збогатување ураниум.
За време на посетата, Ким „ја истакна потребата од дополнително зголемување на бројот на центрифуги со цел експоненцијално да се зголеми нуклеарното оружје за самоодбрана доследно на партиската линија за градење нуклеарни вооружени сили“.
Ким, исто така, го надгледуваше пробното истрелување на нов повеќецевен ракетен фрлач од 600 милиметри, објави КЦНА.
Ново на Сител
-
ЈО: Скопјанец под дејство на дрога усмртил жена со возило и побегнал
-
Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари
-
Пораснаа доларот и биткоинот
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска