Северна Кореја предложи дијалог со САД откако двете земји ќе потпишат мировен договор

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Су Јонг им предложи дијалог на САД за подобрување на безбедноста на Корејскиот полуостров, но под услов САД да се согласат да потпишат мировен договор, наместо спогодбата за примирје од 1953, јави ТАСС.
- Пјонгјанг се согласи на конструктивен дијалог со САД само под услов, дека тие ќе потпишат мировен договор, рече министерот во обраќањето пред ОН.
Тој го заштити правото на земјата да истрелува сателити и да врши нуклеарни тестирања. - Забранувањето на тие дејности со резолуции на СБ на ОН покажува дека таа меѓународна структура се претворила за потсмев заради однесувањето на САД, рече тој.
Во поддршка на таа теза, тој рече дека досега десет држави истрелале сателити и девет разработиле нуклеарно оружје, но СБ ја забранил само на една од нив - Северна Кореја.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
