Северна Кореја поседува 1.000 тони хемиско оружје
Јужнокорејскиот министер за надворешни работи, Јунг Бјун-се, денеска изјави дека Северна Кореја располага со најмалку 1.000 тони опасно хемиско оружје, што е распоредено ширум земјата, јави „Раша тудеј“.
Министерот испрати апел до светските сили да извршат притисок врз Ким Џонг-ун, неколку дена откако неговиот полубрат беше убиен со хемиско оружје, а за нарачател на убиството беше обвинет токму севернокорејскиот лидер.
-Убиството на Ким Џонг-нам е повик до сите нас да се разбудиме и да сфатиме колку арсенал хемиско оружје поседува Северна Кореја, како и дека постои јасна намера да го употреби кога тоа ќе го смета за потребно, изјави министерот, а пренесуваат британските медиуми.
Шефот на јужнокорејската дипломатија, исто така, предупреди дека „меѓу купот хемиско оружје во Северна Кореја се наоѓа и нервниот агенс „ХV“, со кој е убиен полубратот на Ким Џонг-ун.
Овие тврдења се изнесени на конференцијата за разоружување на Обединетите нации во Женева, и тоа неколку дена откако Јужна Кореја ја потпиша спогодбата, според која на нејзина територија ќе биде распореден американскиот ракетен систем „ТHААD".
И Сеул и Вашингтон овој потег го опишаа како „одбрана од агресијата на Пјонгјанг".
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари