Северна Кореја: Ќе им причиниме најголемо страдање на САД досега
Северна Кореја предупреди дека ќе им нанесе „најголемо страдање“ на САД доколку Вашингтон продолжи да се залага за поостри санкции од ОН по шестата нуклеарна проба на Пјонгјанг.
Во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи се наведува дека доколку Вашингтон влијае на усвојување на „илегалната и незаконска резолуција“ за построги санкции, Пјонгјанг ќе се погрижи САД „да ја платат цената“.
- Мерките кои ќе ги преземе Северна Кореја ќе им предизвикаат на САД најголема болка и страдање од кога било во нивната историја, соопшти Министерството.
Како што се додава, „светот ќе набљудува како Северна Кореја може да ги скроти американските гангстери со преземање на серија акции, кои се поостри отколку што можат тие да предвидат“.
Вашингтон сака Советот за безбедност на ОН денеска да гласа за воведување нови санкции против Пјонгјанг, и покрај спротивставувањето на Пекинг и Москва.
САД предлагаат нафтено ембарго за Северна Кореја, замрзнување на имотот на нејзиниот лидер Ким Џонг-ун, но и забрана за извоз на текстил и исплата на севернокорејските работници во странство.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност