Северна Кореја истрела два балистички проектила
Северна Кореја рано утринава лансираше две балистички ракети во правец на исток и, се чини, дека двете паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада, јавуваат агенциите.
-Првата ракета достигна височина од 50 километри и имаше дострел од 550 километри, додека втората прелета 600 километри исто така на височина од 50 километри, изјави Хамада.
Јапонија, преку свои дипломатски канали, вложи протест против лансирањето на ракетите, додаде тој.
Лансирањето се случи речиси една недела откако Северна Кореја ја тестираше својата најнова интерконтинентална балистичка ракета, Хвасонг-18, во тоа што Пјонгјанг го опишува како предупредување до САД и другите противници.
Денешното лансирање балистички ракети доаѓа само еден ден откако американска подморница со балистички проектили со нуклеарен погон влезе во територијалните води на Јужна Кореја, за прв пат од 1980-тите, пишуваат британските медиуми.
Лансирањето од Северна Кореја претходно беше потврдено од Јужна Кореја.
Односите меѓу двете Кореи моментално се на мртва точка, додека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун повикува на забрзан развој на оружјето, вклучително и нуклеарното. Како одговор, Сеул и Вашингтон ја зајакнаа воената соработка, пренесуваат француските меидуми.
Американски војник, кој се соочува со дисциплинска постапка, вчера побегна преку меѓукорејската граница во Северна Кореја. Се верува дека војникот е во притвор во Северна Кореја, соопшти Вашингтон, што отвора нова криза меѓу двата непријатела.
Ново на Сител
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
-

Тема на денот „Евроинтеграциите и Македонија“ со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
-

Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
