Северна Кореја истрела балистичка ракета во Јапонско Море, САД регистрирале две ракети
Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета кон Јапонско Море, информира јужнокорејското Министерство за одбрана, цитирано од француските медиуми.
Ракетата била истрелана во 7,50 часот по локално време (синоќа во 22,50 часот по Гринич).
Јужнокорејскиот Генералштаб посочи дека ракетата била истрелана од провинцијата Јужен Хвангха, забележа ТАСС.
По повод овој најнов инцидент јапонската Влада формира кризен штаб, информира јапонската телевизија НХК.
Американската армија информира дека регистрирала истовременото истрелување на две севернокорејски балистички ракети со среден дострел, пренесоа британските медиуми.
Американската стратегиска команда преку соопштение посочи дека едната ракета екепслдирала веднаш по истрелувањето, додека втората била проследена од Северна Кореја до Јапонско Море.
Според оценка на Северноамериканската команда за воздушно-вселенска одбрана (НОРАД), истреланите ракети не претставуваат закана за Северна Америка.
Претходно, меѓутоа, јапонскиот министер за одбрана Ген Накатани информира дека севернокорејската ракета прелетала околу 1.000 километри и паднала во 250-километарската посебна економска зона на Јапонија западно од полуостровот Ога, во префектурата Акита, настан што се регистрира по првпат.
Јапонскиот премиер Шиндзо Абе изјави дека истрелувањето претставува сериозна закана за Јапонија и затоа Токио остро протестира против него.
-Ова е скандалозен чин, што не може да се толерира, изјави првиот човек на јапонската Влада, цитиран од француските медиуми.
САД предупредија дека се подготвени да ги чуваат и пазат своите сојузници.
-Подготвени сме да работиме со нашите сојузници и партнери низ светот, за да одговориме на новите провокации од страна на Северна Кореја, да се заштитиме самите, како и нашите сојузници, од секој напад или провокација, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент.
Ново на Сител
-
Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок
-
Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост
-
Русија и САД почнаа заеднички проекти за руските ретки минерали
-
Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани
-
Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции
-
Додека Украина го разгледува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските рудните ресурси
-
Најмногу врнежи во Виница
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами