Сеул: Северна Кореја изврши проба со нуклеарна бомба со моќност од 10 килотони
Владата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја извршила петта нуклеарна проба, јавија локалните медиуми.
– Според нашите анализи, Северна Кореја извршила проба со нуклеарна бомба со моќност на експлозијата од околу 10 килотони, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана.
Тоа е најмоќната нуклеарна проба извршена од Пјонгјанг досега.
Властите во Северна Кореја потврдија дека е извршена нуклеарна проба.
Пјонгјанг ја оквалификува пробата како успешна и изрази уверување дека нивните сили се способни да монтираат јадрени боеви глави на балистички ракети. Во соопштение објавено на државните медиуми се вели дека нуклеарната проба е извршена за да се спротистави на „непријателствата на САД“.
Државната телевизија нагласи дека при нуклеарната проба нема регистрирана радијација и нема последици за животната средина.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро