Сеул го обвини Пјонгјанг дека негови хакери упаднале во смартфоните на јужнокорејски владини службеници
Јужнокорејското разузнавање објави денеска дека севернокорејски хакери упаднале во смартфоните на десетици владини службеници на Јужна Кореја и украле телефонски броеви и службени текстови.
Кибер нападите биле извршени во периодот меѓу крајот на февруари и почетокот на март, прецизира јужнокорејската Национална разузнавачка служба.
Севернокорејски хакери, како што јави Јонхап, исто така го нападнале и серверот на голема компанија за изработка на софтвер за заштита на онлајн банкарско работење.
- Северна Кореја изврши серија напади врз нашиот кибер простор, по нуклеарната проба на 6 јануари и планира да нападне јужнокорејска банкарска сметка, се наведува во соопштението на разузнавачката служба.
Јужнокорејското разузнање соопшти и дека Северна Кореја се обидела да хакира и мејлови на јужнокорејски железничари во обид да го нападне системот за контрола на железничкиот транспорт.
Ново на Сител
-
Се следи состојбата со цените на пазарот
-
Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква