Сестрата на еден од двајцата бомбаши во Анкара пред две години испратила писмо до премиерот
Сестрата на еден од двајцата бомбаши-самоубијци, кои го извршија двојниот напад во Анкара, во која загинаа 99 лица, испратила пред две години писмо до Канцеларијата за врски со јавноста на премиерот и до канцеларијата на претседателот, пишува весникот „Хуриет“.
Фатма Дјондар, сестра на Јомер Дениз Дјондар, се обратила прво до полицијата во градот Адјаман во југоисточна Турција на 9 септември 2013 година, откако нејзините двајца браќа заминале за Сирија.
По тоа таа напишала писмо до Канцеларијата за врски со јавноста на премиерот, во кое посочила дека судбината на нејзините двајца браќа близнаци веќе 15 дена е непозната.
Силите на редот соопштиле дека околу сто семејства се во иста ситуација и оти никој не може да го реши тој проблем.
Фатма Дјондар испратила подоцна и сигнал до претседателот, нагласувајќи дека нејзините двајца браќа биле одведени во Сирија со цел да водат џихад.
Таа нагласила дека семејството очекува ангажираност од државата по тоа прашање, но ниtу силите на редот, ниту обвинителството не презеле никакви мерки.
Весникот „Радикал“ пишува дека 19 членови на т.н. група „Докумаџалар“, создадена во градот Адјаман и поврзана со Исламска држава, кон која вниманието беше насочено по нападите во Суруч на 20 јули и нападот во Анкара, биле под истрага поради членство во Ал Каеда, но потоа истрагата била прекината.
Меѓу тие 19 лица биле и извршителот на нападот во Суруч, Шеик Абдурахман Алагоз, како и двајцата браќа Јомер Дениз Дјoндар и Махмут Гази Дјoндар.
Според турските медиуми Јонуз Емре Алагоз, брат на напаѓачот од Суруш е еден од извршителите на нападот во Анкара.
Ново на Сител
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за натпартиско обединување
-
Владата планира да ја гради втората фаза од жичницата, ќе се доградат и зградите на ФИНКИ и ФФК
-
Судски совет утре избира претседател
-
Маглата одложи летови, Скопје на врвот на листата најзагадени градови во Европа
-
Анализа: Поради петарда дете остана со траен инвалидитет – Дали системот потфрли?
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик