Серискиот убиец од Босна се самоубил пред полицијата
Серискиот убиец Нермин Сулејмановиќ, кој денеска уби најмалку три лица во Градачац, БиХ, се самоубил пред очите на полицијата, потврдија босанските медиуми.
Сулејмановиќ прво ја убил сопругата, а злосторството го пренесувал во живо на Инстаграм.
Тој не застанал тука и продолжил со убиства. Како што потврдија за Klix.ba од Обвинителството на кантонот Тузла, најмалку три лица се убиени. Исто така, има и неколку ранети.
Потоа се вратил на Инстаграм во живо, од непозната локација. Таму зборувал за тоа како ги извршил убиствата. Тој потврди дека убил уште две лица покрај партнерката. Рече дека убил полицаец, а дека бебето е добро и дека ќе живее без двајцата родители. Најави дека ќе убие уште некој.
Покрената била голема полициска акција, по што тој се самоубил пред очите на полицијата.
Порталот „Дневни аваз“ објави дека убиецот е бодибилдер и фитнес инструктор кој е поврзан со криминална група која се занимава со шверц на дрога.
Ново на Сител
-
Два случаи на мајмунски сипаници потврдени во Македонија
-
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во официјална посета во Скопје
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето и патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј - 24 Мај
-
Г7 се обединуваат за да ги стабилизираат пазарите
-
Нуклеарните преговори меѓу САД и Иран влегуваат во критична фаза
-
Сончево и топло до 31 степен
-
Состојба на патишта
-
Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори, Вучиќ и Мацут поканети лично да ја примат