Серија земјотреси во Крагуевац | ВИДЕО
Два земјотреса го погодија српскиот град Крагуевац, едниот се случи доцна синоќа околу 00.25 часот, а другиот рано утринава во 5.18 часот.
Според Сеизмолошкиот институт, првиот земјотрес бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, додека вториот бил малку послаб, со јачина од 2,0 степени според Рихтеровата скала.
Исто така, се додава дека земјотреси со интензитет како оној што се случи синоќа може да предизвикаат мали оштетувања на објектите во епицентралното подрачје на Крагуевац, пишуваат српските медиуми.
По земјотресот се огласи и директорот на Републичкиот сеизмолошки завод Бранко Драгичевиќ. Тој изјави дека синоќешниот земјотрес кај Крагуевац бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 10 километри јужно од Крагуевац.
Ново на Сител
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот