Серија земјотреси го тресат Крит: Луѓето панично бегале од дома | ВИДЕО
Силен земјотрес со магнитуда од 6 степени според Рихтерова скала утринава го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
За кратко време на социјалните мрежи се појавија и првите фотографии од разорниот земјотрес.
Земјотресот се случил на 20 километри југоисточно од градот Ираклион, на длабочина од 2 километри. Потресот е забележан во 08:17 часот според средноевропско време, однос во 09:17 по грчко време.
Сведоците од Ираклион рекле дека потресот бил исклучително силен и дека долго траел. Локалното население истрчало на улиците.
„Никогаш претходно не сум почувствувал толку силен или долготраен земјотрес. Луѓето излегоа од своите домови. Кај мене нема очигледни оштетувања, но работите се изместија. Имав чувство како да нема да престане“, напишал еден жител на Ираклион.
По разорниот утрински земјотрес од 6 степени следувале серија земјотреси со магнитуда над 3 степени по Рихтер.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд