-->
-->
Серија А: Јуве „реди“ победи
-->

Шампионот на Италија Јувентус ја оствари 21.та победа во шампионатот откако синоќа пред своите навивачи го совлада Палермо со 4:1. Головите за „старата дама“ ги постигнаа: Клаудио Маркизио во 13.минута, Пауло Дибала во 40 и 89.минута и Гонзало Игуаин во 63.минута, додека стрелец за Палермо беше Ивајло Чочев во 90+3 минута. Во екипата на Палермо целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, додека Александар Трајковски остана на клупата за резерви.
Вечерва се играат два дуела од оваа рунда: Аталанта – Кротоне и Емполи и Лацио. Во недела на програмата се седум натпревари: Болоња – Интер, Киево – Наполи, Пескара – Џенова, Сампдорија – Каљари, Удинезе – Сасуоло, Рома – Торино и Милан – Фиорентина.
Табела: Јувентус 63 бодови, Рома 53, Наполи 51, Интер 45, Аталанта 45, лацио 44, Милан 41, Фиорентина 40,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Околу 6% живеат во повеќедимензионална сиромаштија
-

Клековски: Недостигот на медицински кадар глобален проблем
-

Младите од Балканот: Парите повеќе не се мотив за иселувањето, туку корупцијата и нефункционалните системи
-

Четврта Ајвaријада во општина Босилово
-

Преглед на вестите од светот
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
