Серија апсења на интервентна полиција, пронајдена дрога

Во текот на вчерашниот ден, при акција на интервентната полиција на територијата на Скопје, биле приведени четири лица поради поседување на дрога.
-На 09.01.2025 во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Т.(23) и Ф.Т.(26), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-На 09.01.2025 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(63) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-На 09.01.2025 во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(38) од с.Глумово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
-

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска
-

На Ѓурѓовден сакал да ја ограби црквата Свети Геогриј – завршил заглавен на ограда
-

Џон Малкович стана хрватски државјанин
-

Наскоро електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино
-

Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина, предупреди на провокации во Европа
-

МВР на „SAHA Expo 2026“: Потврдена стратешката соработка со турската полиција
-

„Опен-АИ“ ќе потроши 50 милијарди долари за компјутерска моќ во 2026 година
