-->
-->
Серена Вилијамс преку Пиронкова до полуфинале на УС Опен
-->

Серена Вилијамс направи уште еден чекор кон својата 24. гренд слем титула кога во четврт-финалето на САД опен се врати од сет негатива против Бугарката Цветана Пиронкова за 4:6/6:3/6:2 победа на две тенисерки кои му се вратија на спортот по паузата за да станат мајки.
Пиронкова паузира три години од тенисот кога го доби својот син Александар пред да се врати токму на Флешинг Медоуз, а Вилијамс исто така има тригодишна ќерка Алексис Олимпија, но таа претходно му се врати на спортот по само неколку месеци пауза по пораѓањето.
За место во финалето, Серена ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу уште една мајка и поранешна гренд слем шампионка, Белорусинката Викторија Азаренка, и белгиската 16-та носителка, Елизе Мертенс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
