Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро
Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро. Информацијата за МИА ја потврди Сашко Данов, претседател на еколошкото друштво „Тисовец”, од блиското кавадаречко село Возарци.
- Револтираните сметаат дека еден од соседите ја изградил јамата многу ниско и близу до езерото. Стравуваат дека кога ќе се наполни езерото кое е вештачка акумулација и ја потопи јамата, ќе има загадување од фекалии. Наоколу има многу викендички и тука се капат многу луѓе. Најмногу се стравува за децата, рече Данов.
Јованче Колев, инспектор за животна средина и комунални работи при општина Кавадарци, нагласи дека ќе се изврши увид на лице место, за да се согледа вистинската состојба на терен и да се направи записник. Доколку е потребно, вели, ќе се преземат и соодветни законски мерки.
На брегот на Тиквешко Езеро, втора по големина акумулација во државата, има околу три илјади викендички.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор