Сенаторот Хари Рис бара ФБИ да ја истражи заканата за руската вмешаност во изборите во САД
Лидерот на демократите во американскиот Сенат, Хари Рид, бара ФБИ да ја истражи заканата од руска вмешаност во американските избори, вклучувајќи ја и можноста од фалсификување на изборните резултати, пренесоа американските медиуми.
Рид во писмо до директорот на ФБИ, Џејмс Коми, наведува дека „и натаму се трупаат доказите за директна врска меѓу руската Влада и кампањата на претседателскиот кандидат Доналд Трамп“.
Тој во писмото посочува за врски меѓу кампањата на републиканскиот кандидат за американски претседател и руските интереси и истакнува докази за руските обиди за мешање во изборниот процес, вклучително и хакерскиот упад во компјутерските мрежи на политичките организации на демократите. Според него, од суштинско значење е да се истражат овие околности.
Сенаторот Рид како сериозна закана ја оцени можноста непријателска влада да се обиде да упадне во американските избори и смета дека јавноста заслужува целосна отчетност пред изборите.
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот