-->
-->
Семјуел се родил прв, но неговиот близнак Ронан е постар? - Да, возможно е!
-->

Семјуел и Ронан Питерсон се идентични близнаци родени во временска разлика од 30 минути, но и за едниот и за другиот може да се каже дека се постариот брат.
Како што пренесуваат медиумите, тие се родиле на 6 ноември во болницата во Масачусетс, САД.
Нивната мајка, Емили Питерсон, го родила Семјуел во 1 часот и 39 минути изутрина, по локално време, а Ронан се родил два часа подоцна. Но, токму тогаш настанало поместувањето на сказалките на часовникот наназад, во рамки на зимското сметање на времето.
Така, Ронан технички станал постариот брат, бидејќи се родил во 1 часот и 9 минути.
Нивниот татко Сет Питерсон, полицаец, изјави за медиумите дека уште дента претпоставил дека близнаците ќе се родат или во различен ден, или пак поместувањето на часовникот ќе направи некаква збрка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување