Семинар во Гевгелија за Законот за одмерување и одредување на казните
Адвокатската комора на Македонија со финансиска помош на Бирото за борба против наркотици на Стејт департментот и Амбасадата на САД во Скопје, денеска и утре во хотелот „Рамада Плаза“ во Гевгелија одржува семинар за обука на адвокатите за примена на новиот Закон за одмерување и одредување на казните.
- Без оглед колку ние ги сакаме или не ги сакаме овие прописи, должни сме да ги спроведеме како што треба во интерес на одбраната и бранителите да се затапуваат во постапките во нивен интерес, рече претседателот на Адвокатската комора, Никола Додевски, кој додаде дека токму на темата, семинарите ќе бидат збогатени и со практични примери и обуки.
Додевски нагласи дека ова е втора обука во рамки на едногодишниот проект низ кој ќе се едуцираат повеќе од 400 адвокати од целата земја. Овие два дена обуката во Гевгелија ќе ја следат 40 адвокати од југоисточниот и источниот регион на Македонија,а првата се одржа во Скопје и беше наменета за обука на адвокатите за примена на новиот Закон за кривична постапка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени