Семејството Клинтон пријавило приход од 141 милион долари за периодот 2007-2014 година

Поранешната прва двојка на САД - Бил и Хилари Клинтон, во перидото од 2007 до 2014 година пријавила вкупен приход од речиси 141 милиони долари, покажуваат нивните даночни пријави за последните осум години, што вчера беа објавени од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Хилари Клинтон.
Како што пренесуваат американските медиуми, документите покажуваат дека бруто приходот на семејството за посочениот период е малку под 141 милион долари, а сумата за оданочување изнесува 111 милиони долари.
Хилари Клинтон соопшти дека со сопругот платиле 43,9 милиони долари федерални даноци и во истиот период подариле речиси 15 милиони долари за добротворни и хуманитарни цели.
Во соопштението, придружено од даночните пријави, Хилари Клинтон, декларира дека таа и нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Бил Клинтон, минатата година платиле ефективен федерален данок од 35,7 проценти, што скокнал на 45,8 проценти кога ќе се додадат локалните и државните даноци.
Јавните говори на двајцата во 2013 година им донеле приход од околу 22,85 милиони долари - од кои Хилари заработила 9,68 милиони долари, а Бил уште 13,17 милиони долари.
Повеќето од говорите на Хилари Клинтон и неселе по 225 000 долари и повеќе, а оние на поранешниот претседател - од 125 000 до 750 000 долари.
-Изминав долг пат од деновите кога одев од врата на врата за прилози за Фондацијата за заштита на децата (Children's Defense Fund) и заработував по 16. 450 долари како млад правник во Арканзас и тоа и го должам на Америка и шансите што ги дава, изјави Хилари Клинтон, која е фаворит за номинација на Демократската партија за нов американски претседател.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Овој 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, зашто слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи
-

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слобода се добива со храброст, а држава се гради со труд, чест и одговорност
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
