Семејството Бошнакови од Бугарија загина на Солунска глава, ова се нивните фотографии
Адвокатката Калина Корнажева Бошнакова, која вчера загина со своето семејство во авионската несреќа на Солунска глава, е од познато адвокатско семејство во Бугарија, пишува бугарски Блиц.
Тие ја истражуваат нејзината родова карта и дошле до сознание дека нејзиното семејство потекнува од Габрово и е во роднинска врска со поранешната бразилска претседателка, Дилма Русеф, која, како што е познато, има бугарски корени.
Таткото на Калина Крнажева е познат бугарски адвокат, поранешен министер за правда и пратеник, Петар Корнажев.
Калина Корнажева имаше 47 години и загина заедно со своите две ќерки Гергана (14) и Билјана(18) години.
При падот на авионот загина и нивниот татко Георги Бошнаков, кој според последните информации, пилотирал со малиот авион марка ,,Цесна“
Георги Бошнаков, бил поранешен шеф на одделот за „Имплементација и одржување на информатики и технологии“ во рамки на бугарсkата Агенција за регистрација, информираат бугарските медиуми.
Потоа започнал приватен бизнис и во моментот имал компанија за рециклирање на отпадоци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат