Семејство на бегалци конечно ја пронајде нивната исчезната мачка

Семејство на бегалци од Ирак кои емигрираа во Норвешка ја пронајдоа нивната мачка Кункуша, која се изгубила на патот кон слободата, пренесува Фена.
Кога во ирачкиот град Мосул влегле припадниците на „Исламска држава“ една мајка и нејзините пет деца одлучиле да избегаат во Европа, а со себе ја понеле и мачката Кункуша. Преминаа во Турција и се качиле на брод за Грција. Но, кога пристигнале на островот Лезбос кон крајот на октомври, Кункуша скокнал од неговата кошница и избегал.
Така започна приказната за исчезнувањњето на белата мачка која поврза илјадници луѓе за да ја вратат исчезнатата мачка на вистинскиот сопственик.
Откако мачката залутала, семејството ја барало со часови. Но, потрагата ја прекинала грчката полиција која ги преместила во бегалски камп на брегот, од каде требало да го продолжат патувањето кон северниот дел на Европа. Жителите на блиската рибарска населба го пронашле Кункуша сив и валкан и го вратиле во кампот. Волонтерите не го знаеле неговото вистинско име па го викаа Диас (на грчки Зевс). Сопствениците бараа преку сите социјални мрежи, летоци и кампови, но без успех. Тие направија и пасош за животни со кој може да патува во Европската унија. Тие собрале пари и го испратија во Германија во згрижувачко семејство кое се обврзало дека ќе го најдат неговото вистинско семејство.
Откако мачката поминала пет недели во Берлин, семејство конечно се јави на згрижувачкото семејство преку Фејсбук. Првата средба со изгубената мачка ја имаа преку видеоповик на Скајп. Веднаш потоа тие организираа негов лет за норвешкиот град Стеинкјер каде семејстовото го пронајде својот нов дом.
На неговиот пат мачката Кункуша помина неверојатни четири илјади километри.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
