Семејно насилство во тетовско: Ја претепал сопругата
Вчера околу 16 часот, З.Р.(50) од тетовското село Лисец пријавила семејно насилство што го извршил нејзиниот невенчан сопруг А.И.( 54 ) од Расадиште.
Додека З.Р. ги напасувала овците во атарот на селото Жеровјане, дошол нејзиниот сопруг и по кусата вербална расправија со неа и удрил неколку шлаканици.
Кога се обидела да се одбрани со дрвениот стап и го грабнал од рацете и повеќе пати ја удрил по главата и телото, од што набрзо загубила свест.
Мештани со возило ја пренесле во тетовската клиничка болница каде и била укажана лекарска помош и каде се констатирани повеќе видливи повреди на рацете и лицето, кои се фотодокументирани.
Нејзиниот невенчан сопруг А.И. бил повикан во СВР Тетово, разговарано е со него и по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов