Семејна трагедија: Загинаа татко, мајка и ќерка, синот се бори за живот

Три члена на семејство од Кичево го загубија животот во страотна сообраќајна несреќа која околу 19 часот се случи на излезот од Гостивар.
Во директен судар на две возила „Мерцедес“ со црногорски регистарски ознаки и Опел астра со охридски регистарски таблички животот го загубија лицето со иницијали Ѓ.С. на 61 годишна возраст, 56 годишната мајка со иницијали Р.С. и ќерката, сопатничка во опелот, со иницијали А.С. родена 1988 година на 28 годишна возраст.
Трите загинати лица се дел од семејството сопатници на патничкото моторно возило опел, а возачот со иницијали Н.С. од Кичево на возраст од 30 години со повреди е пренесен во медицинскиот центар во Гостивар.
Во полициската станица Гостивар приведен е возачот на Мерцедесот со црногорски регистарски ознаки кој е на возраст од 55 години од село Раотинце Тетово. Од МВР информираат дека увидот е во тек.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
