Семејна драма во Сплит: Син ја запалил сопствената мајка затоа што пушела цигара во бањата

Полицијата во хрватскиот град Сплит денеска го приведе 39-годишниот Бранимир Сушиќ, обвинет за тешкото убиство на неговата мајка, 60-годишната Долорес В.
Според полициската пријава тој сопствената мајка ја запалил. Семејната драма се случила во нивниот стан на првиот кат во неделата рано наутро. Бранимир се скарал со својата мајка поради цигара која таа отишла да ја пуши во бањата. Жената потоа е пронајдена со изгореници во кадата. Итната помош ја повикал синот, а набргу пристигнала и полицијата, пишува Далматински портал.
Никој не може да поверува што се случи. Жената живееше со овој син и со помалиот, кој лежи во затвор од летово. Двете момчиња имаа психички проблеми и конзумираа алкохол, па полицијата често доаѓаше кај нив. Помладиот беше поагресивен отколку постариот син“, изјавија станарите.
Сушиќ денес е изведен пред обвинител, а претходно ќе биде прегледан од психијатар за да утврди дали е пресметлив.
Ново на Сител
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
