Сем Мендес „раскинува“ со Џејмс Бонд

Новиот филм со Џејмс Бонд. „Спектар“ чија премиера е најавена за во октомври, најверојатно ќе биде последниот филм за познатиот агент во режија на Сем Мендес.
Мендес, уште по „Скајфол“ најави дека повеќе нема да го режира Бонд, но се предомислил и во декември 2014 почна со снимањето на филмот „Спектар“.
- Реков, но не и за последен, а потоа завршив работејќи на новиот филм и сите пријатели ми се потсмеваа. Но, мислам дека тоа е најверојатно тоа. Мислам дека не би можел повторно да тргнам по тој пат. Морате сите други да ги ставите на чекање, изјави Мендес за Би-Би-Си.
Работата на филмот со Џејмс Бонд ја опиша „повеќе како избор на животен стил, отколку работа.
„Спектар“ во кино салите низ цела Велика Британија и Ирска ќе се појави на 26 октомври со светската премиера истата вечер во Лондон.
Улогата на агентот 007 ја игра Даниел Крејг, а, меѓу другите, во филмот играат и Ендрју Скот, Наоми Харис, Моника Беличи и Ралф Фајнс. Филмот во кината во САД ќе се појави на 6 ноември.
Последниот филм на Џејмс Бонд „Скајфол“ од 2012 година заработи 1,1 милијарди долари.
Ново на Сител
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
