-->
-->
Сем Алардајс официјално назначен за селектор на Англија
-->
Сем Алардајс од денеска и официјално е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентаија на Англија.
Алардајс кој е именуван на местото од Рој Хоџсон со Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) потпиша две годишен договор.
61-годишниот Алардајс го наследува Хоџсон со тешка задача, да ја врати довербата во селекцијата на „гордиот албион“ по дебаклот кој Англичаните го доживеаја на Европското првенство во Франција.
Алардајс како селектор на Англија ќе дебитира на 4 септември и тоа на гостувањето кај Словачка во рамките од квалификациите за СП 2018.
Изминатите девет месеци Алардајс беше тренер на екипата на Сандерленд, која успеа да ја остави и следната сезона во Премиер лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Имотен лист од сега достапен на националниот портал - uslugi.gov.mk
-
Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии
-
Трамп: Украина може да „не ја преживее“ војната дури и со наша помош
-
Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада
-
Студено утро, сончево и топло преку ден
-
Состојба на патиштатa
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот