Селими: Косово има големи шанси за членство во УНЕСКО
Заменикот министер за надворешни работи на Косово Петрит Селими верува дека Косово има големи шанси да стане земја членка на УНЕСКО, истакнувајќи дека средновековните локалитети на Косово, кои моментално се на листата на светско наследство на УНЕСКО, секогаш ќе бидат сопственост на Српската православна црква.
- Косово е признато од 111 земји членки на УНЕСКО. Голем број други земји што тоа не го сториле, исто така, гласаат за нас во мултилатерални организации, како што е случајот во ММФ или Светската банка. Свесни сме дека средновековните локалитети на Косово, што моментално се на листата на светско наследство на УНЕСКО, секогаш ќе бидат во сопственост на СПЦ, истакна Селими во разговор за весникот „Данас“, пренесува Танјуг.
Според Селими косовската Влада досега уплатила над пет милиони евра за обнова на православните храмови на Косово. Селими, исто така, нагласи дека Косово се кандидира за УНЕСКО, не да ја провоцира СПЦ или да го прогласи наследството како албанско, туку да овозможи развој на Косово во образованието, науката и културата.
- Нашата кандидатура за членство во УНЕСКО не е ништо необично и ќе биде пратена кандидатура во многу други организации, истакна Селими.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана