-->
-->
Селена Гомез ја покажа лузната од операцијата што ѝ го спаси животот
-->
Пејачката Селена Гомез со слика од себе на Инстаграм, ја покажа лузната од операцијата што ѝ го спаси животот, а нејзините обожаватели ѝ пружија безрезервна поддршка.
„Кога ми направија трансплантација на бубрег, се сеќавам дека на почетокот ми беше многу тешко да ја покажам лузната… Не сакав таа да се гледа на фотографии, па затоа носев работи што ќе ја покријат. Сега, повеќе од кога било, се чувствувам сигурна во тоа која сум јас и низ што поминав… И, горда сум на тоа“, напиша Селена меѓу другото.
Нејзината поента, односно главната порака е дека секое тело е убаво.
Пред речиси четири години, во 2017., нејзината пријателка, глумицата Франсија Раиса ѝ подари бубрег.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда