-->
-->
Селекторот на Србија: „Тесла е наш“ !!!
-->

Утре во Белград стартува ЕП во ватерполо а селекторот на Србија Дејан Савиќ имаше оригинален настап на прес-конференцијата пред првата средба на Србија со селекцијата на Хрватска.
Селекторот се појави во маичка со ликот на Никола Тесла кој на главата носи ватерполо капа. „ Мило ми е што Деки ставил Хрват на својата маичка...се шегувам малку...“ ја започна прес-конференцијата капитенот на Хрватска Јосип Павиќ.
Сепак српскиот селектор се снајде брзо и одговори оригинално: „Пред се ова беше протоколарна грешка, требаше прво јас да зборувам. Само сакав да ви кажаме дека „Тесла е наш“- рече Савиќ. Маичката со ликот на легендарниот пронаоѓач Никола Тесла прв пат е видена во спотот што го подготвки српската федерација пред стартот на ЕП во Белград.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
-

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево
-

Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици
-

30 дена притвор за владин возач кој барал 1.500 евра за вработување пожарникар
