Села: Загрижени сме за пратеникот Кастриот Реџепи
Претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села попладнево пред Собранието изјави дека собраниската седница за доверба на Владата се уште не е завршена и оти до полноќ може да продолжи во секој момент, кога ќе се обезбедат услови.
Најважно во моментот, како што рече тој, е да се дознае каде е пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи. Села рече дека не може да каже дали Реџепи е безбеден или не, но загрижен е поради фактот дека има само една негова објава на Фејсбук.
– Не знаеме каде е еден пратеник, каде се наоѓа. Тоа го кажувам од човечки аспект. Сите без разлика дали се политичари или не, треба да бидат навистина загрижени со фактот дека имаме само еден фејсбук статус. Одговор треба да дадат институциите. Не можам да кажам дали е безбеден или не е, но самиот факт дека немаме негово физичко присуство, мислам дека сите кои се хумани, треба да се прашаат каде е. Тоа е најважно. Сите оние кои аплаудираат на ваквиот развој на настаните, мислам дека кај нив нема ништо хумано. Моето очекување е дека пратениците треба да одлучат според своја волја, да не бидат уценети, ако има уцени, не можам со сигурност да го кажам ова, истакна Села.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември