Села: Некој не зел плата два месеци, а граѓаните без државјанство не зеле 30 години
Голема лага е дека ние го блокираме петтиот сет на мерки за помош на граѓаните и стопанството во ковид-кризата условувајќи го со Законот за државјанство, вели Зијадин Села во интервјуто за Радио Слободна Европа.
„Не го блокираме, ние сме поднеле амандмани, но која е матичната комисија која дебатира околу оваа работа, бидејќи дојде време еве да ја кажам вистината за оваа тема. Тоа е Комисијата за финансирање и буџет, а таму, исто како и во Комисијата за европски прашања, можеш да имаш и 100 илјади амандмани, дебатата во оваа комисија трае три дена. Кажете ми колку денови и недели се дебатира оваа работа дека ние сме го блокирале петтиот сет на економски мерки кој треба да им помогне на граѓаните. Цел месец се кажува оваа лага и невистина пред граѓаните.
Овие луѓе за кои јас зборувам, овие граѓани 30 години не земаат никаква плата, тие немаат право ни да конкурираат за работа, немаат право на здравствено осигурување, немаат право на постела за да умрат достоинствено во болниците. И овие се граѓани. И тие живеат во уште потешки услови од овие други категории граѓани.
Лага е тоа дека ние сме го блокирале законот за петтиот сет мерки, бидејќи ние колку и да сакаме да блокираме, тоа важи три дена. Сите други амандмани, три дена откако ќе биде блокирано, односно ќе се дебатира за амандманите, сите други кои ќе останат недебатирани се фрлаат и може да си продолжат да ја дадат таа помош на граѓаните. Ама по сè изгледа дека овие можеби немаат пари, па ајде да најдеме изговор во оваа работа која ја прават Алијанса за Албанците и Алтернатива. Тоа е лага. Лага која цел месец се кажува по прес-конференции, а треба да им се извинат на граѓаните што си играат со нивната тешка состојба“, објаснува Села.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
