Македонија
10. September 2021 - 13:28

Секоја посета е казнива, не може роднина да се грижи за пациент, вели Нуредини

Координаторот на Ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини утрово на новинарско прашањето зошто пациентите имале придружба и дали починал некој кој не бил пациент, Нуредини рече дека дополнително ќе се уврдува. Сепак рече дека најверојатно имало некој кој не е пациент внатре, но можеби бил вработени во Клиниката, а роднина на некој пациент.

- Секоја посета е казнива. Не може роднина да се грижи за пациент. Ние и порано имавме укажувања дека наводно имало посети. Веднаш пративме известувања до сите служби, да не се дозволува посета. Дали имало некој случај не знам. Овде има и вработени во ковид клиниката кои доаѓале кај нивни блиски. Некои се и роднини. Сега бараме да ни дадат кои биле роднини и дали биле вработени во ковид центарот, рече Нуредини.