Сеизмичко тестирање на висококатниците во Аеродром

Симулација на вештачки земјотрес со магнитуда од четири степени денеска беше предизвикан на највисоките згради во Македонија во комплексот „Скај Сити“ во Општина Аеродром на компанијата „Џеваир Македонија“.
Директорот на Институтот за земјотресно инжинерство и инжинерска сеизмологија Михаил Гаревски рече дека со принудни вибрации на 40 кат побудена е торзионата вибрација која, како што рече, ако се случи некој катастрофален земјотрес во Скопје токму оваа тонова форма би била побудена.
- Се покажа дека објектот е континуиран и одговорите беа еластични. Практично зградата и понатаму ќе ја тестираме на околу 400 мерни точки по што ќе знаеме точно како објектот се однесува, истакна Гаревски.
Појасни дека јачината побудена со вибрациите помеѓу 4 и 5 степени е појака од чувството на вистински земјотрес со тие степени.
- Ваквите тестирања се важни за да се калибрира и провери математичкиот модел. Денеска иако математичките модели се перфектни, сепак реалните тестови покажуваат дали зградата се однесува како што е предвидена со математичките модели, рече Гаревски.
Со тестирањето се испитуваат динамичките карактеристики на зградите што претставуваат нивна лична карта за безбедност посебно во услови на земјотрес. Ваков тип на испитување е вршено и на трансамерика пирамидата во Сан Франциско.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
