СЕХА:Еурофарм пресилен за Металопластика
Еурофарм Работник ја забележа и втората победа во својата деби-сезона во СЕХА лигата, откако во Битола со 32:21 (15:8) го декласираше поранешниот европски гигант, Металопластика од Шабац, Србија.
Тимот на Стефче Алушовски започна силно, поведувајќи со 4:0, по што ја зголемуваше предноста, која на полувреме достигна до седум гола (15:8). Дебитантот во СЕХА лигата не попушташе со притисокот ниту во второто полувреме за на крај да стигне до победа со убедливи 32:21 и да се искачи на првото место на табелата.
Ловро Јотиќ беше најдобар стрелец на македонскиот претставник со осум гола, од кои 5-од-5 од пенал, пет додаде Владимир Остроушко, а на голот Николче Митревски имаше 12 одбрани. Кај гостите, Дејан Бабиќ имаше пет гола.
СЕХА ЛИГА
Пекинг Јуниверсити – Војводина 21:28 (10:15)
Еурофарм Работник – Металопластика 32:21 (15:8)
Ново на Сител
-
Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи и скапува во подруми утврди ДЗР
-
Засега ќе нема нови мерки за цените – хигиенските производи во дел од маркетите поскапеа за над 50%
-
Отворена новата градинка „ Пролет“ во општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз