СЕХА: Вардар остана непоразен во Веспрем
Ракометарите на Вардар одиграа нерешено 28:28 во натпревар од СЕХА лигата вечерва на гостувањето кај актуелниот шампион Веспрем. Голот вреден бод и нерешен резултат го постигна Игор Карачиќ во последната секунда со удар од седум метри. Вардар со тоа остана непоразен во СЕХА лигата.
„Црвено-црните“ подобро го почнаа натпреварот и имаа водство од 6:1, но во финишот на првиот дел Веспрем успеа да изедначи на 12:12. Во вториот дел унгарскиот шампион водеше, а Вардар изедначи во последната секунда.
Момир Илиќ кај Веспрем и Лука Циндриќ кај Вардар со по 6 голови беа најефикасни, додека Петар Ангелов дуелот го заврши со 11 одбрани.
На другите два дуела одиграни вечерва: Горење – Загреб 27:26 и Татран Прешов – Извиѓач 27:25.
Табела: Вардар 32 бода, Загреб 22, Веспрем 22, Мешков Брест 20, Цеље 18, Горење 12, Татран Прешов 10, Нексе 8, Металург 7, Извиѓач 3.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд