Loading Video...
Ракомет
22. February 2019 - 19:45

СЕХА: Победа за Металург во Букурешт

Ракометарите на Металург славеа во Букурешт против домашната Стеауа со 28-26 со што ја остварија втората победа во СЕХА лигата.

Во меч со многу грешки особено слабо се играше во првото полувреме кое Стеауа со многу среќа го доби со 12-11.  Во вториот дел Романците стартуваа нешто подобро и почнаа да се одлепуваат со серија голови па највисоката предност која ја достигнаа изнесуваше 5 поени 21.25. И тука стартува пресвртот на македонскиот вицешампион. Неколку голови во серија и предноста е намалена на само еден гол.  Следува и израмнување 25-25 по што Металург остварува и водство. Откако Стеауа не успеа во неколку наврати да го совлада повратникот во тимот Дупјачанец следуваше на крајот победа од 28-26.  Танкоски беше најефикасен со 9 погодоци додека Дупјачанец имаше 13 асистенции.