-->
-->
СЕХА: Победа на Е.Пелистер во Белград
-->

Значајна победа на ракометарите на Еурофарм Пелистер на стартот од новата сезона во СЕХА-лигата. Битолчани славеа на гостувањето кај Партизан во Белград со 25-23.
Иако македонскиот претставник одлично го отвори натпреварот сепак победникот се решаваше во самиот финиш Серија кога Костески и заедно со голманот Мартон Секељи донесоа триумф .
Средбата се одигра пред повеќе од 1000 љубители на ракометот и донесе возбудувања особено кога Битолчани дозволија предност од 19-15 да се истопи и Партизан да израмни на 20—20 и да обезбеди напад за водство.
СЕпак пресврт немаше и Пелистер поведе со 23-20 што на крајот беше доволно за победа до 25-23.ч
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Матео Мараш со седум, пред Елмир Граџан со 5/5 и Рајнер Табоада со четири гола, додека во таборот на Партизан, Никола Зечевиќ имаше пет, исто колку и Алекса Максиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Миса во Католичката црква во Скопје за Божиќ
-

Тема нa денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
-

Се одложува пресметката на просечна потрошувачка кошничка зашто синдикатите и работодавачите не дале мислење
-

Бугарија понуди помош за снабдување со мазут, Владата ја одби
-

Собранието ги избра новите министри - Сали за евроитеграции, Хоџа за животна средина
-

Вратени иселенеци на форум во Влада - И Македонија може да биде „ветената земја“
-

Паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а ќе го управува „Градски паркинг“ - Ќе се реши ли хаосот?
