-->
-->
СЕХА: Победа на Цеље над Татран
-->
Ракометарите на Цеље ги завршија натпреварите во регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата откако вечерва на домашен терен го победија Татран Прешов со 39:30. Цеље со триумфот има вкупно 33 бодови и ги задржа шансите за четвртото место и пласман на завршниот турнир. Екипата која ќе го освои ова место ќе биде противник на Вардар во полуфиналето на Ф4.
Во борба за оваа позиција е уште и Мешков Брест, која има 29 бодови, но и два натпревара помалку. Мешков Брест треба да гостува кај екипите на Горење и кај Загреб.
Хрватскиот првак има 31 бод и се наоѓа сега на четвртото место и треба да одигра уште три натпревари.
Табела: Вардар 44 бодови (17 натпревари), Веспрем 41 (17), Цеље 33 (18), Загреб 31 (15), Мешков Брест 29 (16), Металург 16 (16), Нексе 15 (16), Горење 12 (15), Татран Прешов 10 (15), Извиѓач 3 (15).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети