-->
-->
СЕХА: Металург „се прошета“ низ Словачка
-->
Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург синоќа ја постигнаа третата победа во СЕХА лигата откако на гостинските терен го победија Татран Прешов со 33:27. Ова за Металург е втора победа над оваа екипа во ова натпреварување, а настапи без болниот Филип Талески и повредениот Марко Нелоски.
Во текот на целиот натпревар избраниците на тренерот Лино Червар имаа контрола над играта и резултатот и беа во постојано водство. Во првиот дел Татран успеа во финишот да изедначи на 10:10, но на полувреме беше 13:12 за Металург. Во 35.минута беше 15:15 што беше последно изедначување бидејќи Металург потоа во 47.минута 24:19, по двата гола на Мартин Велкоски. Домашниот тим успеа со серија од 5-1 да намали на 24:25, но брзо Металург со серија од 4-0 во 57.минута имаше водство од 31:24.
Најефикасен на дуелот беше Немања Обрадовиќ од металург со 9 голови, а Дарко Арсиќ имаше 13 одбрани.
Вчера победа на гости постигна и македонскиот првак Вардар совладувајќи го Мешков Брест со 35:30. Триумф на гости постигна и шампионот Веспрем над Извиѓач 31:25.
Табела: Вардар 38 бодови, Веспрем 32, ППД Загреб 28, Мешков Брест 26, Цеље 24, Нексе 12, Горење 12, Металург 10, Татран Прешов 10, Извиѓач 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување