-->
-->
СЕХА: Металург гостува кај Извиѓач
-->
Ракометарите на македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладнево гостуваат кај последнопласираната екипа на табелата во СЕХА лигата Извиѓач. Со евентуален триумф Металург ќе биде чекор поблиску до освојувањето на 6.место на табелата и веднаш зад првата петорка која се бори за пласман на завршниот турнир. Почетокот на дуелот е во 17 часот.
Покрај овој натпревар вечерва се играат и натпреварите меѓу двете хрватски екипи Нексе и Загреб, како и дуелот Горење - Татран Прешов.
Металург до крајот на лигата има уште едно гостување кај екипата на Нексе на 7.март.
Табела: Вардар 44 бодови, Веспрем 41, Цеље 33, Мешков Брест 32, Загреб 31, Металург 16, Нексе 15, Горење 12, Татран Прешов 10, Извиѓач 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциск
-
Со „бмв“ возел 173 на место каде што дозволено е 100, уапсен 35-годишник од Тетово
-
Погребот на папата Франциск закажан за 26 април
-
Украина: Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени
-
Мајка и ќерка се степале на регионалниот пат Кичево-Битола
-
Тешка сообраќајка на Пресека
-
Лидс и Барнли обезбедија пласман во Премиер лигата
-
Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск