-->
-->
СЕХА: Металург домаќин на Вардар за крај на 1.коло
-->

Натпреварот на македонските екипи во СЕХА лигата што се игра попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го означи и крајот на првото коло. Воедно ова е дербито на оваа рунда во која актуелниот првак на ова натпреварување Вардар гостува кај незгодниот градски ривал Металург.
Двете екипи посакуваат триумф на стартот, особено Металург, кој успеа да го победи Вардар на последниот меѓусебен дуел на кој оваа екипа беше домаќин во рамките на ланското првенство на Македонија.
„Вардарци“ поскуваат со триумф да ја почнат одбраната на титулата во оваа лига.
На другите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Загреб - Нексе 27:19, Горење - Цеље 22:25, Војводина - Динамо Панчево 24:29 и Татран Прешов - Мешков Брест 24:23.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
-

Костенот едно од традиционалните бележја во Македонски Брод
-

Преглед на вестите од светот
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
-

Одреден куќен притвор за двајца даночни инспектори, Обвинителството најави жалба
