Ракомет
24. September 2015 - 8:56

СЕХА: Макс Струмица само до второто реми

Македонскиот ракометен вицепрвак Макс Струмица одигра нерешено 30:30 против Борац Бања Лука вчеравечер на домашен терен, иако противникот имаше предност во финишот од дуелот 29:26 во 55.минута, а струмичани постигнаа два гола во последната минута.
 
Ова беше шести натпревар во СЕХА лигата за струмичани и второ реми покрај четирите порази.
 
Без победа е и Борац, тим за кој ова беше само втор дуел во регионалното натпреварување.
 
Најефикасен кај Струмица Макс беше Реваз Чантурија со 13 погодоци, додека кај Борац Даворин Вујовиќ имаше шест реализации.
 
Следниот натпревар за Струмица е на 22 октомври против Спартак на гостински терен.