Ракомет
5. February 2017 - 22:39

СЕХА лига: Вардар со победа над Горење го потврди првото место

Ракометарите на македонскиот првак Вардар го поврдија првото место на табелата од СЕХА лигата откако вечерва како гости го победија Горење на негов терен со 31:29.

Двете екипи во текот на целиот натпревар се менуваа во водство, а во последните 4 минути Вардар направи серија од 4-0 и поведе со 31:28 што беше доволно за победа.
Тимур Дибиров со 8 голови беше најефикасен на дуелот.
На вториот натпревар одигран вечерва Веспрем го совлада Извиѓач со 36:31.
На табелата Вардар е прв со 44 бодови, пред Веспрем со 41, следи Цеље со 30 и ППД Загреб со 28.
До крајот на регуларниот дел Вардар треба да одигра уште еден натпревар на гости против последнопласираниот Извиѓач.